Алкалоид ќе го предизвика Пелистер за првиот трофеј во новата ракометна сезона!
Битолчани како двоен првак по ред влегува како фаворит во оваа средба, иако тренерот Бранислав Ангеловски по малку е загрижен од прикажаната игра на последниот меч, во кој неговите избраници загубија од Загреб со минус 17 гола на турнирот во Добој. Зелено-белите, пак, претходно триумфираа на турнирот во Струга.
„Супер купот е специфично натпреварување и нема да ни биде лесно против Алкалоид. Презадоволен сум од прикажаното во подготвителниот период во кој настапивме на три турнири. Системот натпреварување среда-сабота кое не очекува мораше да го изменаџираме со многу пријателски натпревари со различен тип на екипи. Можеби високиот пораз од Загреб дојде неочекувано, но ни се насобра целото отсуство од дома и натпреварите ден за ден.“, изјави Ангеловски.
Зад избраниците на Кире Лазаров, пак, е историска сезона со освојување на куп-трофејот и тоа со триумф во финалето на пенали токму над денешниот противник. Стратегот на Алкалоид е свесен дека денешниот дуел е нов сериозен предизвик за неговиот тим.
„Ќе играме со многу цврста, квалитетна и многу искусна екипа. Пред нас е тешка задача и голем предизвик. Пелистер е уште поквалитетен од минатата година, но ќе го дадеме нашето најдобро во моментот и спортски ќе се надеваме на позитивен резултатво Суперкупот“, изјави Лазаров пред денешниот меч.