Алкалоид ја наполни мрежата на Струга, Вардар без мака против Пролет!

Алкалоид и Вардар дојдоа до убедливи победи во 21. коло од македонската ракометна Супер лига, „фармацевтите“ со 41-20 ја победија Струга, а црвено-црните со 38-22 беа подобри од Пролет.

На хартија Алкалоид беше гостин на Струга, но мечот се играше во салата Автокоманда во Скопје.

Момците на Кире Лазаров одиграа на високо ниво и не дозволија неизвесност во ниту еден момент, уште на почетокот направија разлика која ја зголемуваа до крај за конечни 41-20.

Најефикасен во составот на Алкалоид беше Исланѓанецот Тордарсон со седум голови од исто толку обиди, кај Струга, Наум Костов реализираше четирипати.

И Вардар слично на Алкалоид уште во првото полувреме покажа кој е кој, лидерот по првите 30 минути имаше предност од 19-9 над Пролет, а конечниот резултат гласеше 38-22.

Да Силва со осум голови беше најдобар стрелец кај Вардар, исто толку погодоци постигна Стојановски за Пролет.