
Алкалоид го уништи Куманово, гостите дадоа само три гола во второто полувреме!
Првото полувреме покажа дека Алкалоид е подобар тим, но на крајот водеше само со 14-9, а клучната предност ја направи во вторите 30 минути. Во нив, кумановци постигнаа само три гола, па тимот од Автокоманда стигна до убедливата победа.
Интересно е тоа што еден од двајцата најефикасни играчи во тимот на Алкалоид беше 15-годишниот Максим Гарбески кој постигна шест гола, исто колку и Давид Савревски. Двајцата заедно постигнаа колку целиот тим на Куманово вкупно.