Алкалоид го прегази Пролет, Пелистер го надигра „помладиот брат“ (ФОТО)
Пролет покажа поголем отпор во првото полувреме и на паузата имаше негатива од само три поени (14-17), а екипата од Автокоманда ја презема контролата во вториот дел и на крајот славеше со убедливи 39-27.
Најефикасен во победничкиот тим беше Дамјан Митев со 10 голови, додека Томи Димковски постигна осум погодоци за Пролет.
Пелистер успеа да го надигра „помладиот брат“ Пелистер 2 со 39-24 и тоа беше дебитантска победа за тренерот Стевче Алушовски на клупата на битолчани.
Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Богдан Радивојевиќ со девет голови, додека Славчо Шулески постигна шест погодоци за Пелистер 2.
Тиквеш немаше милост против Радовиш, па го наполни голот на ривалот и славеше со високи 44-23.

