Тричковски спектакуларно ја отвори 2020 година со - четири гола на Етникос (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Иван Тричковски, на феноменален начин ја отвори 2020 година, откако на денешниот дуел против Етникос постигна четири гола за победа на АЕК Ларнака од 5-2.

Инаку, ова воедно беше и македонско дерби во кипарското првенство, бидејќи на спротивната страна беа голманот Мартин Богатинов, Јован Костовски и Бојан Маркоски, а токму Костовски беше стрелец на еден од двата гола за домаќините.

И двете екипи играат лошо оваа сезона во домашното првенство, а најдобар доказ за тоа е што моментно се наоѓаат во плеј-аут зоната. АЕК Ларнака е седма со 22 бода, 11 помалку од лидерот Анортозис, додека Етникос е 10-ти со 13 бодови.