Навивачите на Лидс имаат јасна порака за Алиоски (ФОТО)

Езгјан Алиоски е еден од најважните фудбалери на Лидс, со кој се бори за пласман на првите две позиции во Чемпионшип-лигата, а со тоа и промоција во Премиерлигата. Сепак, македонскиот репрезентативец во моментов е на обврски со нашата селекција.

Тренерот на Лидс, Марсело Биелса го пушти во игра Алиоски на сите 38 натпревари сезонава, а неговите настапи во последно време беа фантастично.

По една година со лоша среќа и неколку повреди, навивачите на Лидс се нервозни пред репрезентативната пауза и испратија јасни пораки до Алиоски.

„Само немој да се повредиш“, е една од пораките на навивачите.