Ќамили стрелец во победата на Сондерјиске (ВИДЕО)

Maкедонскиот репрезентативец Лирим Ќамили со својот трет гол сезонава му помогна на Сондерјиске да дојде до вториот триумф сезонава.

На домашен терен Сондерјиске беше подобар од Вејле со 2-1, а Ќамили во листата на стрелци се запиша во 27. минута кога го отвори резултатот. 

Покрај Ќамили од првата минута за Сондерјиске играше и Сефер Емини, додека Иван Николов не доби шанса и остана на клупата за резерви.