И вториот Македонец неизвесен за хрватското дерби на „Пољуд“!
За овој натпревар познато од пред неколку дена е дека хрватскиот гигант нема да може да смета на Аријан Адеми, но тренерот на Динамо, Ненад Бјелица откри и дека под знак прашалник е и Стефан Ристовски.
„Адеми, Мишиќ, Невистиќ и Кордоба не се на располагање, а под знак прашалник е Стефан Ристовски, ќе видиме дали ќе биде спремен за настап“, изјави Бјелица.
Натпреварот помеѓу Хајдук и Динамо е во терминот од 17:45 часот. Ќе потсетиме на спротивната страна во составот на Џенаро Гатузо подготвен да истрча на теренот е Александар Трајковски.