И руски гигант влезе во трка за Елиф Елмас

Македонскиот бисер Елиф Елмас со одличните настапи за Фенербахче и македонската репрезентација привлече голем интерес од европските гиганти, на кои сега им се вклучи и руски Зенит.

Италијанските медиуми вчера објавија дека Интер сериозно е заинтересиран за Елмас, па подготвувал понуда до турскиот клуб, но денеска во руските медиуми се појави информација дека Зенит ќе им биде голема конкуренција.

Со руски Зенит се поврзуваше и Матео Ковачиќ од Челси, кој е прескап за нив, па токму поради тоа се решиле за поефтина опција, односно македонскиот репрезентативец, за кој сметаат дека одлично ќе се вклопи во нивната екипа.

Треба да се спомене дека интерес за Елмас претходно покажаа и Лацио, Фиорентина, Тотнем и уште неколку гиганти, а Фенербахче посакуваше повеќе од 20 милиони евра за негов трансфер.