Германски второлигаши заинтересирани за Милан Ристовски

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Милан Ристовски, кој е на позајмица во Нитра од Ријека, наскоро би можел да ја продолжи кариерата во германскaта втора лига.

Зад 22-годишниот напаѓач Ристовски е одлична сезона во дресот на Нитра, а тоа му овозможи два клуба да покажат сериозен интерес за неговиот потпис. Станува збор за Ерзгебирге Ауе и Падеборн, кој оваа сезона испадна од првата германска лига.

Ристовски во наредниот период ќе се врати во Ријека, од каде ќе бидат стартувани преговорите за негов трансфер. Инаку, Милан е помалиот брат на далеку попознатиот Стефан Ристовски, кој ги брани боите на португалски Спортинг, а воедно е дел и од националниот тим на А-репрезентацијата.