Еуроспорт најавува: Монако го купува Адеми (ФОТО)

Францускиот фудбалски гинант, екипата на Монако, ќе се обиде во јануарскиот трансфер рок да ги осигура услугите на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, пишува „Еуроспорт“.

Фудбалерот на Динамо Загреб беше мета на неколку клубови изминатиот период, пред се на шпански Бетис, кој за 6.5 милиони евра сакаше да го ангажира, но доби „корпа“ од „модрите“.

Адеми игра овлично сезонава во дресот на Динамо, а имаше и неколку забележителни настапи во Лигата на шампионите, иако неговиот тим не успеа да се пласира во осмина-финалето.