Дориев не запира, гол и асистенција за победа на Согдиана (ВИДЕО)

Maкедонскиот фудбалер Љупче Дориев продолжува со одличните настапи во Узбекистан и на последниот натпревар против Кизилкум со гол и асистенција беше најзаслужен за триумфот на Согдиана.

Дориев прво од пенал го отвори резултатот во 14. минута, а потоа и му асистираше на Хебај за 2-0.

Со овој гол Дориев дојде до бројката од 15 во првенството со што е втор стрелец, три повеќе има водечкиот стрелец Игор Сергеев. Покрај тоа што е ефикасен, Дориев има шест асистенции.

Ќе потсетиме, пред само неколку дена Дориев ги доби и признанијата за играч на месецот и гол на месецот во узбекистанската Премиер лига.