Барди се збогуваше со Трабзон: Чест ми е што бев дел од ова големо семејство (ВИДЕО)

Македонскиот репрезнтативец Енис Барди се збогуваше со Трабзонспор кој во текот на вчерашниот ден го потврди неговото заминување.

Засега не е познато каде Барди ќе ја продолжи кариерата се споменуваат клубови од Шпанија, но и останување во Турција во друг клуб.

„Сакам да се заблагодарам на сите што се дел од ова големо семејство. Чест ми е што настапував за така голем клуб и нема да ве заборавам никогаш. Тука имав подеми и падови, а навивачите секогаш беа покрај нас да ни дадат поддршка. Ви посакувам се најдобро ви ндина и им благодарам на претседателот и управата што направија се за да се чувствувам како дома“, изјави Барди.

Барди во Трабзон пристигна од Леванте, а во кариерата го носеше дресот и на Ујепшт.