Златната Хрватка доби(ва) гнасни клетви и закани од Срби (ФОТО)

Златната хрватска таеквондистка Матеа Јелиќ за 24 часа успеа да ги воодушеви Србите, ама потоа и да го навлече гневот, за да добие еден куп гнасни клетви и закани.

Јелиќ прво објави слика со најголемата тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ на кој му посака две злата (ќе игра полуфинале во сингл и мешани двојки), а потоа изјави дека златото во родниот Книн ќе го прослави заедно со годишницата од Олуја, воената операција од 90-те по која Хрватска за време на крвавата војна воспостави контрола над целата своја териоторија.

Хрватска секоја година ја слави Олуја, која за Србите е симбол на прогон и етничко чистење откако 200.000 тогашни кнински Срби го напуштија регионот откако претходно четири години прогласија автономија на книнска краина.

И поради изјавата дека ќе ја слави воената победа на Хрватска, на социјалната мрежа Инстаграм доби куп гнасни клетви и закани од Србија, која јавно ги објави. Инаку нејзиниот татко е воен ветеран од крвавата војна при распадот на поранешна Југославија.