Дончиќ и Марјановиќ пред натпревар лудуваа со хит на – Дара Бубамара (ВИДЕО)

Словенечко-српскиот двоец на Далас маверикс, Лука Дончиќ и Бобан Марјановиќ, направија фешта на загревањето во пресрет на синоќешниот меч против Сакраменто кингс, кога на нивно барање на разгласот трештеа хитови на – српската пејачка Дара Бубамара.

Двајцата важат за големи фанови на турбо-фолк музиката, па не беше првпат во „Американ ерлајнс центарот“ да се пуштаат популарни српски песни. Овој пат, на ред дојде хитот „Зидови“, на сексапилната Бубамара.

„Овие зидови душа имаат повеќе од тебе...“, ечеше низ разгласот во Далас.

Добрата забава пред дуелот, сепак, не донесе среќа за „телињата“, кои третпат по ред сезонава загубија од „кралевите“ од Калифорнија. Неодамна една друга српска пејачка, Нада Топчагиќ, се најде во центарот на вниманието откако Златан Ибрахимовиќ во неколку наврати ја промовира нејзината песна „Јутро је“.