Витали и Кингсли се обиделе да го прекинат финалето во Копа Америка, но не им успеал планот!

Кингсли Волански се прослави откако втрча во теренот во финалето на Лигата на шампиони меѓу Ливерпул и Тотнем.

Кингсли заедно со нејзиното момче Витали Здоровецки се обиделе да го прекинат финалето и во Копа Америка, но не успеале во намерата, зашто обезбедувањето било на висина на задачата.

„Признавам дека Копа Америка победи, но имавме страшна авантура. Заминавме во Бразил и се маскиравме за да влеземе на трибините. Витали и јас се обидовме да втрчаме на теренот, но не успеавме, зашто обезбедувањето успеа да ни излезе на патот“, порача Кингсли.