УФЦ-борец излезе на улица и им се спротистави на хулиганите (ВИДЕО)

Откако со неколку објави на социјалните мрежи ја „запали“ ситуцијата меѓу себе и претседателот на УФЦ, Дена Вајт, познатиот борец Џон Џонс излезе на улица во Америка, каде што траат протестите поради починатиот Џорџ Флојд.

Но, тој не излезе да им се приклучи на луѓето кои протестираат, туку снимен е во ситуација каде што спречува хулигани да го уништуваат градскиот имот.

Џонс им се доближи на хулиганите и луто реагираше на нивниот план, по што тие најверојатно го препознаа и без многу да се бунат му го предадоа спрејот.