Трофејот на Атланта од МЛС Купот заврши во - стриптиз клуб (ВИДЕО)

Атланта јунајтед ја освои шампионската титула во МЛС-лигата. Тимот што се натпреварува само две сезони во лигата успеа да дојде и до првиот трофеј. 

Славјето низ Атланта беше огромно, бидејќи овој град навистина го сака фудбалот. На финалниот натпревар на „Мерцедес-Бенц арената“ беа пристни повеќе од 71.000 гледачи, што е рекорд во МЛС.

Фудбалерите и градот славеа заедно на градска парада, а трофејот помина речиси секаде. Тој се најде дури и во стриптиз-бар, каде доби „специјален“ танц.