
Трикратен НФЛ-шампион обвинет за силување!
Жената вели дека го запознала Шарп во теретана во Лос Анџелес во 2023 година кога имала 22 години. Тие двајца биле две години во љубовна врска, а таа сега тврди дека бившиот спортист ја силувал.
„Жена може да се согласи на секс со маж и 99 пати да каже ‘да’. Но, кога еднаш ќе каже ‘не’, тогаш тоа значи ‘не’“, се вели во обвинението.
Девојката, исто така, вели дека Шарп ѝ се заканувал дека ќе ја убие.