Тирана по шокантно реми остана без титула, па навивачите го претепаа – судијата (ВИДЕО)

Претпоследното коло од првенството на Албанија донесе сензационален кикс на Тирана на домашен терен против претпоследниот на табелата Булис (2-2), кој најверојатно значи губење на веќе сигурната титула и промоција на Партизани во нов шампион по сигурниот триумф на гостувањето кај Кастриот (4-1).

На тимот од албанската престолнина, за кој денеска Филип Најдовски беше во улога на капитен, а Исени и Тошевски на клупата, им требаа три бода за само да го потврдат посакуваниот успех, но во тоа не успеаја, на разочарување на полните трибини. Навивачите вината ја најдоа во судијата Криденс Мета и пеналот што го досуди за гостите за кои играа Адили и Дамчевски, а со кој изедначија на 2-2. По завршувањето, сите од клупата на Тирана влегоа на терен во обид да го нападнат судијата, а истото го сторија и десетици навивачи, кои сакаа да го линчуваат делителот на правдата.

 

 

Следуваше хаос на теренот, бркотница во која не се знаеше кој кого удира. Ситуацијата се смири дури откако полицијата успеа да го испрати несреќниот судија во соблекувалната. Тирана и Партизани на коло до крајот имаат по 64 бодови, но со предност на Партизани во меѓусебните дуели што значи дека фудбалерите на овој тим би биле шампиони во случај на ист број бодови.

Повеќе видеа од инцидентот погледнете ТУКА.