Летаа столчиња, боксови, клоци: Хорор тепачка во Радовиш на турнир во мал фудбал! (ВИДЕО)

Во Спортско-рекреативниот центар „25 мај“ во Радовиш изминативе неколку дена се одржуваше традиционалниот турнир во мал фудбал по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам, но крајот на овој спортски настан нема да се памети по фудбалските мајстории, туку по хаосот кој се случуваше во салата.

На ексклузивната видео снимка на Спорт1, се гледаат сцени од немилиот настан, може да се забележи како играчите се бркаат низ целата сала, публиката се обидува да ги нападне, не се знае кој кого тепа и кој од кого бега, а притоа се користат и тврди предмети, меѓу кои и столчиња од трибината.