Стоперот на Ал Хилал прво го бараше „невидливиот“ Роналдо, па му – врескаше на уво (ВИДЕО)

Дека Кристијано Роналдо е магнет за надмудрување на речиси сите дефанзивци против кои игра е одамна познато, но откако настапува во Саудиска арабија тоа е драстично зголемено, со оглед што голем број анонимци преку него бараат барем момент на слава и кревање на сопствениот рејтинг.

Таков беше случајот и со стоперот на Ал Хилал, Али Ал Булахи, кој постојано го провоцираше Португалецот во синоќешниот триумф на неговиот тим во дербито со Ал Наср (3-0). Тој во еден момент влезе во мрежата од сопствениот гол и имитирајќи дека носи двоглед го бараше невидливиот Роналдо, покажувајќи дека го ставил во џеб со оглед што неговиот тим не прими гол. На крајот, пак, Ал Булахи буквално врескаше во увото на еден од најдобрите на сите времиња, за што доби ироничен аплауз од Саудио Мане.

За сето ова, дефанзивецот на Ал Хилал доби црвен картон во 93. минута од натпреварот.