Српска работа: Нов вид на инсект го крстија по – Новак Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ, еден од најдобрите тенисери на сите времиња е икона на Србија, па северните соседи буквално во сѐ се обидуваат да најдат начин за нешто да крстат по тениската суперѕвезда.

Ѓоковиќ, кој има 21 гренслем и е рекордер по број на недели на АТП може да се пофали покрај еден куп трофеи, награди и признанија, дека доби неочекувана и ретка посвета - редок инсект е крстен по него.

Во Љубовље, во една пештера е прионајден нов вид на инсект, а научниците Среќно Ќурчиќ и Никола Вешовиќ, како и биоспелеологот Драган Павиќевиќ напишаа труд за тој инсект, а откако не знаеле какво име да му дадат се решиле по – тениската ѕвезда.

Така нашле начин да му оддадат почест за сѐ што направил за Србија.

Ѓоковиќ се пофали дека по него е крстен инсект во Западна Србија.