Соиграч на Јани Атанасов во Хајдук - сељак на 2021 година! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Хајдук одиграа нерешено во денешната средба на домашен терен против Славен Белупо (2-2) и тоа откако изедначија дури во шестата минута од судиското продолжение, со што пропуштија шанса да ѝ се приближат на третопласираната Горица во битка за место во Европа следната сезона.

Најголем виновник за тоа е босанскиот интернационалец Нихад Мујакиќ, чија непотребно агресивна реакција му донесе директен црвен картон во 41. минута, при водство на неговиот тим со 1-0. Тој прво доби жолт картон, но по реакцијата на ВАР, тој беше преиначен во црвен, поради тоа што му удри шлаканица на противничкиот фудбалер, Карло Лулиќ.

Умут Најир беше стрелец на двата гола за Хајдук (22. и 96. минута), за кого сите 90 минути ги одигра нашиот Јани Атанасов, додека Иван Крстановиќ во 65. и 69. минута стрелаше за Славен Белупо.