Смолинг по разбојничката драма: Посакувам да ја најдат смислата на животот без некого да повредат

Англискиот репрезентативец Крис Смолинг, фудбалерот на италијанска Рома преживеа вистинска разбојничка драма откако тројца вооружени крадци му упаднаа во домот во „вечниот град“ и го натераа да го отвори сефот за да го ограбат.

Смолинг според информациите се соочил со многу непријатна ситуација, откако еден од разбојниците му вперил пиштол за да го натера да го отвори сефот, па крадците земале сѐ што е вредно, по што Смолинг се јави преку социјалните мрежи, се заблагодари на сите за поддршката, ама...

„Ви благодарам на сите за убавите желби и поддршката. Моето семејство е баш преплашено, но за среќа никој не е повреден. Јас се надевам дека овие луѓе ќе ја најдат смислата на животот без некого да повредуваат“, објави Смолинг.

Како што објавија италијанските медиуми, англискиот репрезентативец и екс-фудбалер на Манчестер сити, останал без скапоцени часовници, накит и пари, кои ги имал дома, а ги собрала разбојничката банда.