Словенечки коментатор средбата помеѓу Сити и Реал ја коментирал – мртов пијан (ВИДЕО)

Преносот од синоќешната средба помеѓу Манчестер сити и Реал Мадрид (2-1) го означи враќањето на Лигата на шампионите (ЛШ) и во Словенија, каде што спортските вљубеници имаа дополнителна забава, со оглед што коментаторот во мечот „влегол“ во алкохолизирана состојба.

Станува збор за искусниот спортски новинар Томаж Лукач, кој на почетокот од преносот едноставно не можеше да врзе два збора како што треба, без да му се „фати“ јазикот. Веднаш потоа прекина да збори, а проблемот беше прикажан како од техничка природа. Но, на социјалните мрежи веднаш почнаа да се појавуваат коментари дека тоа не се технички проблеми, туку дека коментаторот е пијан.

По некое време, Лукач повторно се вратил во преносот, па до крајот дури и успеал да се прибере и да си ја доврши работата како што треба, но тоа не ги спречи коментарите за неговото пијано појавување на екраните.