Скокнал во канал славејќи „победа“, a неговиот тим примил гол во последна секунда

Навивачите во Англија уште долго време нема да може да влезат на стадионите поради Ковид-19, но тие со возбудувања ги следат натпреварите и надвор од трибините.

Сепак, дел од нив претеруваат со прославите, па така и еден навивач на Нотингем Форест, кој решил да ја прослави „победата“ на својот тим со скок во канал.

Нотингем Форест прими гол дури во 98. минута за 1-1 од Дерби каунти, па така неговата прослава била залудна.