Син на поранешен фудбалер на Ц. Звезда и Партизан бил уапсен со три тони дрога!

Шпанскиот медиум „Марка“ пишува дека полицијата го уапсила Стефан Милојевиќ, кој е син на поранешниот фудбалер на Црвена Звезда и Партизан, Горан милојевиќ.

Медиумите објавија дека националната гарда ја разбила неговата организација која наводно криумчарела дрога во Шпанија и други земји во Европа.

Во операцијата на полицијата биле уапсени уште 12 лица, а запленети биле 687 килограми кокаин и 2.500 килограми хашиш.

Милојевиќ би можел да биде обвинет за казнените дела трговија со дрога, криумчарење со оружје и давање мито со што би добил затворска казна од неколку години.

Србинот веќе ѝ бил познат на полицијата, зашто во 2020 година бил осуден над година ипол затовр, но не завршил зад решетки.