Шведските ултраси не можат на стадион, па се собраа да навиваат во – трговски центар (ВИДЕО)

Шведска е единствена земја која откако се појави коронавирусот не воведоа никакви строги рестрикции, пред сѐ локдаун, полициски час, ама спортските објекти ги забранија за да нема групирање и тоа најмногу ги погоди тамошните навивачи.

Некако шведските ултраси успеваа да издржат досега, но веќе пукна трпението, зашто стадионите и понатаму се затворени, а трговските центри работат и се преполни. Па, за да ѝ пркосат на власта, направија потег на годината.

Кога не може на стадион, приврзаници на АЕК се собраа и окупираа еден трговски центар во Стокхолм и таму – навиваа.

Сега останува да се види дали ваквиот бунт ќе ги разбуди властите да ги отворат стадионите, кога веќе се отворени трговските центри, иако бројките за заразени во Шведска повторно станаа алармантни, но здравствените власти од почеток одат на моделот за стекнување на природен имунитет, без рестрикции за да не се наштети на економијата.