Шок во Шпанија: Натпреварувачки како награда добиле - вибратори! (ФОТО)

Шампионатот во сквош во северна Шпанија предизвика голема бура поради наградите на организаторот, кој е обвинет за сексизам затоа што на шампионките им подарил – вибратори, креми за депилација...

Една од натпреварувачките, Елизабет Садо вели за „Би-Би-Си“ дека ваквите работи мора да се променат, а е разочаран со тоа што добила вибратор како награда затоа што била најдобра.

Натпреварувачките кои завршиле на второ, трето и четврто место добиле креми за депилирање.

„Ние бевме изненадени и шокирани. Мислиме дека ова е сексизам. Сакаме објаснување затоа што сите мислиме дека ова е дискриминација и работите мора да се сменат. Тие најверојатно сакале да се пошегуваат, но вакви работи не се за шега“, велат натпреварувачките.

Жените ги испратиле наградите до локалната сквош федерација со писмо за жалба, па федерацјиата ќе им помогнат воборбата против дискриминација.