Семафорот на „Енфилд“ уште на полувреме покажувал 3-3 (ФОТО)

Ливерпул успеа да слави со 4-3 против Салцбург во второто коло од групната фаза во Лигата на шампиони, но интересна сцена била забележана на „Енфилд“.

Ливерпул на полувреме водеше со 3-1 против Салцбург, но интересно е тоа што на семафорот се појавил резултат 3-3.

Грешката на лицето кое управувало со резултатот на семафорот подоцна и се покажа како точна, откако Салцбург израмни на 3-3 до 60. минута, но сепак Ливерпул на крајот славеше со 4-3.