Роналдо во Манчестер се пофали со часовник од 2 милиони евра (ФОТО)

Кристијано Роналдо синоќа на официјалната прес-конференција пред натпреварот помеѓу Манчестер јунјатед и Јувентус во Лигата на шампиони на „Олд Трафорд“ се појави со часовник кој вреди неверојатни два милиони евра.

Португалецот на раката носеше модел на компанијата „Џејкоб и ко“ наречен Кавијар Турбилион. Англиските медиуми пишуваат дека вообичаената цена на овој часовник е два милиони евра, а овој што го носи Роналдо можеби е и поскап.

На часовникот има 424 мали дијаманти и е направен е скапоцени материјали. Роналдо е бренд-амбасадор на овие часовници уште од 2013 година.