Роналдињо во домашен притвор си прави забави со многу алкохол и манекенки!

Бразилската легенда Роналдињо беше во центар на внимание на почетокот на годината, кога беше уапсен со неговиот брат Роберто, откако влезе во Парагвај со лажен пасош.

Роналдињо во затвор мина повеќе од еден месец, а сега се наоѓа во главниот град во Парагвај, каде што ќе остане во домашен притвор, но таму воопшто не му е лошо.

Бразилските медиуми пишуваат дека поранешниот фудбалер на Барселона ужива во домашен притвор бидејќи постојано прави забави, кои траат по цел ден, а на нив се служи многу алкохол и има различни манекенки.