Рашфорд си го уништи возилото од 700.000 евра, па купи „чудовиште“ (ФОТО)

Англискиот напаѓач од редовите на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд пред неколку дена имаше сообраќајка и го уништи скапиот Ролс Ројс, кој чини околу 700.000 евра.

Рашфорд не чекаше долго пред да си купи Мерцедес-Бенз Вито Мајбах, кој го чинеше околу 200.000 евра, но цената е оправдата со оглед на изгледот на возилото.

Напаѓачот минатата сезона одигра 56 меча за „црвените ѓаволи“ во сите натпреварувања и постигна 30 гола и 11 асистенции.