Прославата се претвори во хорор: Неколку лица повредени во пукањето на шампионската парада на Канзас Сити (ВИДЕО)

Низ улиците на Канзас Сити денеска требаше да се одржи шампионската парада на Чифс по освојувањето на титулата во НФЛ, но свеченоста се претвори во тотален хаос.

Причина за тоа е пукање од огнено оружје во близина на станицата Јунион по што дошло до стампедо. На снимките на неколку локални телевизии може да се забележи како навивачи панично бегаат од местото. Последните информации од полицијата велат дека има десетина повредени лица.

Шампионскиот тим на Канзас Сити Чифс се наоѓа на безбедно, а прославата е прекината и најверојатно нема да продолжи.