Поранешен Вардарец фати 5.000 евра со уплата од 20 денари! (ФОТО)

Кој рече дека со 20 денари не може да се „фатат“ 5.000 евра во обложувачница?

Доказот дека тоа е можно е кај поранешниот фудбалер на Вардар, Филип Петковски, кој синоќа славеше откако дојде до добивка од околу 300.000 денари и тоа со минимален влог обложувајќи се на осум натпревари, претежно од Јужна Америка и од Африка.

Напаѓачот во моментов настапува за екипата на Ренова, а денеска беше на клупата во дуелот против Силекс кој заврши 0-0. Тој се обложуваше крајно едноставно, на голови и тоа на секој од осумте натпревари ќе падне најмалку еден гол во први и најмалку уште два гола во второто полувреме.

Коефициентите на сите средби беа релативно големи, од 2.75 до 4.6 што му овозможи да дојде до голем вкупен коефициент доволен да дојде до голема сума за само 20 денари, што е сон на речиси секој обложувач во нашата држава.