Пациент: Американски фудбалер успеа сите шутеви за екстра поен да ги – промаши (ВИДЕО)

Чикаго Беарс го победија Детроит лајонс во професионалната лига во американски фудбал (НФЛ) со 34-22, но мечот остана запаметен по неверојатно очајниот шутер Коди Паркер, членот на Чикаго, кој успеа сите удари за екстра поен по тачдаун да ги промаши.

Американците не можеа да поверуваат дека има таков „пациент“, кој на еден меч ќе успее сè да промаши и дури четирипати го погоди дирекот, а со тоа испиша и еден црн рекорд во историјата на НФЛ. За среќа, неговите утки не беа пресудни, зошто Чикаго победи.

Кој знае какви би биле реакциите, ако го загубеа мечот и ако тие поени беа пресудни.