Оригинално и многу креативно: Ако не може навивачи, ќе навиваат – снешковци! (ВИДЕО)

Пандемијата со коронавирус ги заклучи стадионите, па фудбалските навивачи немаат друг начин да ги гледаат милениците освен на телевизија или да најдат некој луд начин да ѕиркаат по стадионите, па веќе една година изостанува декорот на трибините.

Арно ама и кога нема навивачи, се случуваат урнебесни сцени како овој во Романија, па зимските услови ги искористија да направат урнебес. Овојпат приврзаниците на Сепси направија снешковци на трибините, колку да импровизираат „поддршка“ за милениците, кога веќе други се решаваа со картони да ги пополнат празните трибини само колку за визуелен декор.

Снешковците дури имаа и шалови, некои држеа и транспаренти, изостануваше само навивачка песна.