Олимписки шампион бил дел од толпата која го нападна Капитол Хил во Вашингтон

Америка во претходните денови беше соочена со немири на незадоволни луѓе, кои го нападнаа Капитол Хил во Вашингтон, а меѓу нив бил и поранешниот олимписки шампион Клит Келер.

Освојувачот на две златни медали од Олимписките игри пливаше со Мајкл Фелпс во кариеата, а во 2000 година како дел од штафета освои сребрен медал, по што на индивидуално ниво освои две бронзи на 400 метри слободен стил.

Американските медиуми го препознаа поранешниот пливач, кој реши да се приклучи на групата луѓе кои сметаат дека изборот на Џо Бајден за нов претседател на САД е нелегален.