Објавен првиот трејлер за „ФИФА 21“: Мбапе и младите ѕвезди во фокусот (ВИДЕО)

Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе ќе на корицата на видео-играта „ФИФА 21“, а според трејлерот во главна улога се младите фудбалски ѕвезди.

Во видеото се најдоа и Жоао Феликс, Трент Александар-Арнолд и Ерлинг Халанд, а нарацијата на трејлерот е на легендарниот Ерик Кантона. Французинот за прв пат ќе се појави и во играта како „икона“.