Нова навивачка трагедија: Еден убиен, двајца критично во тепачка во Аргентина (ВИДЕО)

Само еден ден откако светот остана шокиран после убиство на навивач во градкото дерби помеѓу Америка и Депортиво од Кали, нова навивачка трагедија се случи во Јужна Америка, овојпат во Аргентина, каде еден навивач загина, а двајца се критично повредени.

Хаосот се случил пред мечот Вила Митре и Олимпо, откако 20 навивачи на Олимпо тргнале да стигнат до стадионот на притивникот, иако во Аргентина поради бројните навивачки безредија има забрана за присуство на гостински фанови.

Навивачите на Олимпо лесно влегле во предградието каде сите навиваат за Вила Митре и сè било нормално на неколку стотини метри од стадионот, по што се случил хаосот. Одеднаш според сведоците се слушнале истрели од огнено оружје, имало и масовна тепачка, а еден навивач починал на лице место од прострелни рани, додека двајца се критично.

Многу автомобили кои биле паркирани во близина биле сериозно оштетени.