Нејмар сака да биде Бетмен - за 1,5 милион долари купи Бетмобил (ФОТО)

Бразилскиот фудбалер Нејмар заработи енормно многу пари низ својата кариера, па сега ги троши на работи кои на „обичниот“ човек му се нерезонски.

Минатата недела купи, а синоќа го испроба, својот нов автомобил Бетмобил. Станува збор за возило кое чини 1,5 милиони долари. Има В8 мотор и моќ од околу 450-550 коњски сили, но најважно е што наликува на возилото на неговиот херој од детството Бетмен.

 

 

Нејмар му се израдува на Бетмобилот како мало дете и со нетрпение очекува да го повози „низ град“.