Навивач на Рома го расплака цел Рим – ја објави последната желба на својот покоен татко (ФОТО)

Навивач на италијанскиот калчолигаш Рома го расплака цел Рим откако објави една потресна порака што за Божиќ му ја оставил неговиот покоен татко заедно со еден подарок, кој требало да го отвори на најголемиот христијански празник.

Даниел Сенси објави дека неговиот татко кој починал на 8 ноември, му оставил божиќен подарок, кој пред три дена го отворил и останал без зборови.

„Мојот татко нѐ напушти на 8 ноември, а вчера го отворив божиќниот подарок кој ми го оставил и го најдов ова“, објави Даниел.

Подарокот беше маска со грбот на Рома и порака:

„Драги Дени, навивај за Рома и во мое име. Те сака, тато“

Твитот кој го сподели Сенси стана вирален, а Рим се расплака од емотивното писмо и симболичниот подарок.