Навивач на Ренџерс исчезна во Скопје, паника во цела Шкотска! (ФОТО)

Навивач на Глазгов Ренџерс кој дошол да го бодри клубот на синоќешниот меч од УЕФА Европа лигата со чаирски Шкупи исчезнал и не се вратил дома.

Веднаш е стартувана акција за наоѓање на Џејмс Меклахан, кој го пропуштил летот за назад.

„Дејли Рекорд“ пишува дека на Џејмс му се изгубил контакт зашто батеријата на телефонот му била празна. Во меѓувреме и неговиот брат напиша пост на социјалните мрежи кој стана вирален во Шкотска.

Ако го видите ликов, не ќе е лошо да му помогнете да се пријави во најблиската полициска станица, а и да го информирате брат му...