Навивач на Јунајтед се бори за живот - бил избоден со нож од таксист во Париз!

Навивач на Манчестер јунајтед и уште тројца други фанови се качиле во такси по победата на англискиот клуб од 3-1 против ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампиони во Париз.

Таксистот се изнервирал и извадил голем нож, па се заканил на навивачката, а иако 44-годишниот навивач се обидел да го спречи, но притоа бил прободен.

Жртвата била однесена во болница во Франција и имал операција за да му се стабилизира состојбата, а француската полиција го уапсила таксистот.

Фановите се качиле во таксито од „Паркот на принцовите“, но засега не е познато во кој правец патувале.