Навивач на Фенербахче со живот ја плати победата над Галатасарај во 94 минута!

Навивач на турскиот гигант Фенербахче починал од преголема возбуда и радост во едно кафуле во Истанбул, веднаш откако неговиот тим во трилер меч победи со гол во 94-та минута во големото градско дерби против Галатасарај со 2-1.

Мигел Креспо го даде голот во четвртата минута од судиското надополнување за триумф на Фенер и тоа до десетмина откако осум минути пред крајот на регуларните 90, Тисеранд беше исклучен. Шокантната победа го чинеше живот 60-годишниот Ахмет Ујсал.

„Тој беше многу фанатичен навивач, до толку што на куќата имаше извезен грб на Фенербахче и турското знаме. Дербито беше многу возбудливо, а кога Фенербахче, кој толку многу го сакаше, даде гол, мојот вујко не можеше да ја поднесе таа возбуда. Му се слоши одеднаш и падна на земја. Веднаш го однесовме во болница, но му немаше спас. Огромна е болката сега“, објасни внукот на Ахмет, Ерчан Ујсал.