Напаѓач на Селта избегал од карантин поради својата малолетна свршеничка

Рускиот фудбалер Фјодор Смолов ја прекрши наредбата на Селта и го напушти карантинот за да оди во својата татковина на 18. роденден на својата свршеничка Марија Јумашева.

Смолов така стана втор фудбалер на Селта, кој избега од клубот и направи скандал. Русинот, наводно, побарал да го пуштат во Москва, но не добил дозвола по што решил да избега.

Марија е внука на поранешниот руски претседател Борис Елцин и тие двајца веќе некое време имаат план да се венчаат откако ќе стане полнолетна.