Рафаел Надал имаше трауматичен пораз од Новак Ѓоковиќ, во полуфиналето од Вимблдон, па сега има право да се рехабилитира од него како што ќе посака. Арно ама, она што го регистрираа папараците не е баш првата идеја што би ви баднала на памет.

Надал е на Ибица, каде што често бил гледан за своите одмори. Сепак, овој пат не е со неговата долгогодишна девојка Сара Парејо, туку во машко друштво. Во еден момент Рафа застанал на „клунот“ од јахтата, со рацете раширени, доволно да потсеќа на Леонардо Ди Каприо во познатата сцена од филмот „Титаник“. Медиумите се пошегуваа со ова, но открија дека станува збор за другари на Надал.