Мурињо му купи џиновска пршута на Регилон и се „пожали“ дека го чинела - 500 фунти

Контроверзниот португалски менаџер Жозе Мурињо го препороди лондонски Тотнем, па сега овоиј клуб е на делба на првото место во Премиерлигата со актуелниот првак Ливерпул, ама изгубил 500 фунти на облог од шпанскиот лев бек Серхио Регилон, кој летово дојде од Севилја.

Мурињо морал да му купи џиновска пршута на Шпанецот после триумфот над Манчестер сити, но освен дека менаџерот го загубил облогот, нема информации за што се обложиле. Англиските медиуми тврдат дека Мурињо го изгубил облогот и рекол дека ќе му купи цел бут на Регилон, ако Ријад Марез не успее за 90 минути ниту еднаш да го издрибла.

Португалецот на својот Инстаграм профил се пофали со порадокот за својот фудбалер, ама и се пожали – морал да даде 500 фунти.

„Ветување си е ветување, ме чинеше 500 фунти, ама јас морам да си го остварам ветувањето“, објавил Мурињо.