Мурињо е главна ѕвезда во спот на британски рапер (ВИДЕО)

Познатиот британски рапер Стормзи вчера објави нов хит-сингл со видео-спот во кој се појавуваат многу познати ѕвезди, а најмногу внимание привлече Жозе Мурињо. 

Никоја не очекуваше тренерот на Рома да биде дел од спотот што го прави и веројатно многу уникатен. Стормзи е пасиониран навивач на Манчестер јунајтед па веројатно и од таму доаѓа конекцијата со Мурињо, кој своевремено седеше на клупата на гигантот од „Олд Трафорд“.